Press "Enter" to skip to content

Пелистер и без повредените во Битола ја победија Академија ФМП (фотогалерија)

Пелистер – Академија ФМП 81:67

И со проблемите поради повредите на Стајиќ и Хазифејзовиќ, а во текот на натпреварот на Михајловски, екипата на Пелистер во Битола, на свој терен лесно дојде до нова победа. “Пелистерци“ ја победија Академија ФМП со резултат 81:67, за трета победа во низ и за само еден бод заостанување од МЗТ Скопје.

Гостите од Скопје беа во водство во првите пет-шест миути од натпреварот 11:12, за потоа се да си дојде на свое место по серијата на “пелистерци“ 11:6, по која го преземаа водството и ја најавија победата. Првата чествртина ја завршија со +4 (22:18). Пелистер со добра игра продолжи и во втората четвртина, а во средината на втората четвртина гостите се доближија до 27:24. Следуваше нова мини-серија од седум поени во две минути, која ги однесе битолчани и до првото двоцифрено водство 34:24, а потоа и 38:24, за  првото полувреме да заврши со +10 (28:38).Второто полувреме, односно третата четвртина помина без особени резултатски отскокнувања. Гостинските кошаркари продолжуваа со напорите да стигнат до помала негатива, но не им успеваше. Третата четвртина се играше доста ефикасно и заврши со нешто пониска предност за Пелистер 62:54. Во последните десет минути “пелистерци“ рутински ги завршија, одржувувајќи двоцифреното водство за победа од 81:67. Во третата и четвртата четвртина Илиевски им даде шанса на сите кошаркари од клупата, но и тие ја одржаа и зголемија предноста.Пелистер сега има сигурно второ место на табелата, а најефикасни беа Карпентер која даде 16, Карутерс 14, а Маслинко 12 поени. Во следното 15. коло Пелистер гостува во Струмица.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »