Press "Enter" to skip to content

Ана Талевска, музичар за најновиот музички проект “DAWN“ или “Зора“ продуциран во “Sound Pill Records“ студио

Жанета Ристевска

Албумот “DAWN“ или “Зора“, прв од ваков вид на нашите простори произлезе од соработката на двајца млади таленти Ана Талевска музичар од Битола и оперскиот пејач, тенорот  Стефан Неданоски  од Прилеп. Снимен во студиото “Sound Pill Records“ на Ана Талевска од каде произлегоа и други проекти на млади изведувачи. Ана Талевска е талентирана музичарка која свири гитара, пијано, компонира, аранжира и продуцира музика во своето студио “Sound Pill Records“. Продуцира музика за изведувачи од Македонија како и од странство преку двете “Freelence“ платформи “Fever“ и  “UpWork“.  Повод за нашиот разговор беше најновиот проект Албумот “DAWN“ или “Зора“, во соработка со тенорот Стефан Неданоски. Но и за нејзниата љубов кон музиката, други музички проекти и студиото “Sound Pill Records“.За себе вели

-Љубовта кон музиката ја имам од мала и кога веќе бев во средно училиште се запишав на приватни часово гитара кај Тони Цветановски,  гитарист од групата “Фонтана“ од Битола. Уште на самиот почеток додека учев да свирам, кај мене се појави желба да ги изразам  емоциите низ музика. Така започнав да компонирам моја авторска музика. Самата желба да компонирам музика ме насочи кон тоа покрај гитарата да научам да свирам и клавир. Додека студирав на Фармацевтски факултет во Скопје, паралелно посетував часови по пиано и гитара во музичкото приватно училиште на Бојан “Eye Cue Music House“.  Во “Music House“ го  имав првото искуство како изгледа да се свири во бенд и да се застане на сцена пред публика. Од тука се појави и желбата подоцна да оформам мој бенд – Loud Breeze со солистката Вероника Павловска од Битола. Сакајќи песните да ги претставам во најдобро можно светло и истите да се доволно квалитетни, започнав да учам како да аранжирам и да работам во студио. На почетокот тоа го правев само за моите песни, но како што се усовршував, започнав истото да го правам и за други музичари.

Фриленсер

Кога го завршив факултетот во 2017 година, бев послободна и имав  време, да се посветам на мојата љубов, музиката. Кога започна  корона кризата и заклучувањата, додека бев дома целосно се посветив на музика. Напорно работев и научив многу. Во тој период ги открив платформите “Fever“ и  “UpWork“ и започнав  како “Freelancer“. На едниот се нудиш за работа, а на другиот клиентите нудат што им треба.  На почетокот беше тешко бидејќи потребно беше да имаш портфолио. Ги предложив моите преработки и “ковери“ на песни. На моја голема радост, првата понуда  дојде за една недела. На почеток беше за многу помали суми, но сега веќе добро се заработува, односно можам да кажам дури многу добро за наши услови. Како фриленсер се вклучувам на повеќе проекти на платформите “Fever“ и  “UpWork“. Ќе набројам само некои кои досега се направени во моето студио. Снимив музика за претстава мјузикл за средно училиште од САД (Four Rivers Chapter Public School). Понатаму матрица за познатата пејачка Georgette Jones и новинарот Waylon O’Donnell за песната “Hey Brother“ и многу други.“Sound Pill Records“ студио

-Студиото‘Sound Pill Records’ беше потребно за аранжманите кои започнав да ги правам. На почетокот тоа беа преработки на песни за мои пријатели. Но од тој период на моите почетоци, произлегоа голем број музички проекти. Тоа е „Спомени“ на која сум кантавтор, а ја изведува талентираната Вероника Павловска. Потоа песни за Виолета Јованџикова, Велче…  Сега веќе имам и Веб страна на која може сите оние кои се заинтересирани и сакаат матрица за песна, или компонирање и продукција на оригинална авторска музика, да се пријават, да се направи во моето студио.За најновиот проект Албумот ‘DAWN’ или  ,,Зора’’

-Голем предизвик ми беше да направам матрица за оперска песна. Во соработка со оперскиот пејач Стефан Неданоски започнавме со една, но потоа произлезе еден голем музички проект, неговиот деби албум “DAWN“ или “Зора“. Стефан Неданоски од Прилеп е оперски пејач, млад талент кој дебитираше во операта “Така Прават Сите” на В. А. Моцарт при националната опера во Скопје во 2014 година толкувајќи ја главната улога на Ферандо, а сега настапува на проекти во други држави. Најпрво направивме една песна, а потоа и цел албум. Тоа е прв ваков албум на нашите простори, Се состои од 15 класични и кросовер композиции вклучувајќи познати арии од “Риголето“, Отело ‘’ на Џузепе Верди од “Турандот“ на Џакомо Пучини, и некои популарни кросовер композиции како “Карузо“ на Лучио Дала, “Un Amore Cosi Grande“ на Клаудио Вила. Албумот е снимен во Битола во моето студио “Sound Pill Records“. Покрај три композиции за кои имавме обезбедено матрици сите останати се изработени од мене, е снимени во моето студио.Албумот е достапен на голем број музички интернет страници како YouTube Music, Spotify, Pandora, Tidal, Deezer и тн. Албумот исто e достапен за купување преку Аmazon.

Се надеваме дека ќе има промоција, кој ќе биде и еден вид солистички  концерт на Стефан Неданоски со изведба на сите композиции од албумот “Зора“.

Линк преку кој можете да дојдете до албумот е следниот:

https://music.soundpillrecords.com/dawnЉубовта кон музиката, но и посветеност кон истата преку напорно  учење, овозможиле на младата  Ана Талевска да реализира дел од своите соништа. Од “Sound Pill Records“ и Ана не очекуваат уште многу музички проекти, преку кои ќе се промовираат и други талентирани музичари. Со  ова таа заслужено во “Разговори со млади таленти“ од Битола.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »