Press "Enter" to skip to content

Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола со изложба на книги го одбележа 6 февруари 1945, денот кога започна наставата на македонски јазик

На 6 февруари 1945 година во гимназијата “Гоце Делчев“ во Битола наставата ја следеле 572 ученика распоредени во 13 мешани паралелки. На свеченоста по повод воведување на македонскиот јазик била организирана пригодна програма од страна на тогаш формираниот Битолски театар, а биле интерпретирани песни од Константин Миладинов и Кочо Рацин.

Македонскиот литературен јазик од пред 78 години официјално воведен во средношколската настава во Битолската гимназија “Гоце Делчев“ на денешен ден, 6 февруари 1945 година.  По тој повод, денеска во истата таа гимназија кое го носи името “Јосип Броз Тито“ беше организирана пригодна изложба на книги.

Одбележувањето на овој значаен датум од историјата на современата македонска државност е мошне значајна традиција која со децении се негува во Горната гимназија која како школска институција минатата година одбележа значаен јубилеј 130 години од организирана настава, на почетокот на турски, српски, бугарски.Инаку, воведувањето на литературен македонски јазик следело по добиените упатства во областа на просветата од страна на Поверенството на АСНОМ од седницата одржана на 2 септември 1944 година бо виорот на Втората светска војна.

Во месец ноември 1944 година шо ослободувањето на Битолската околија од фашистичката окупација веднаш биле преземени организациски чекори за редовна настава. На 1 јануари 1945 година бил одржан првиот наставнички совет под раководство на директорот Ордан Печијаре.По претходните организациски подготовки, редовната настава на мајчин македонски јазик започна на 6 февруари 1945 година, а наставата ја следеле 572 ученика распоредени во 13 мешани паралелки. Интересно е да се истакне дека на свеченоста била организирана пригодна програма (испратено со огнен ефект), тогаш формираниот Битолски театар, а биле интерпретирани песни од Константин Миладинов и Кочо Рацин.

Гимназијата “Јосип Броз Тито“ во сите изминати години претставува вистински расадник на стручњаци кои се вградија во современа Македонија. Така дури дваесетина академици на МАНУ биле ученици на Горната гимназија , од нејзините клупи излегле и петмина Народни херои.

Д. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »