Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола успешно ја реализираше зимската сесија на годишната конференција на студенти на трет циклус студии

Како дел од своите активности Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола на ден 04.02.2023 год. успешно ја реализираше зимската сесија на годишната конференција за презентација на докторски проекти (https://uklo.edu.mk/gkstc-3/). На Конференцијата, заедно со своите ментори и професори,  учествуваа 15 докторанти. Тие ги презентираа своите докторски истражувачки проекти кои треба да прераснат во докторски трудови.

Конференцијата ја отвори проректорот за наука проф. д-р Горан Илиќ, а модератори на сесиите беа д-р Валентина Илиева и Бојан Михајловски.

Новиот ректорски менаџмент на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола започна со преземање на повеќе иницијативи кои ќе значат унапредување и интернационализација на годишната конференција, како и отворање на можности за објавување на докторските проекти во посебна секција на меѓународното научно списание “Хоризонти” како издание на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »