Од денес, закупците на тезги за продажба на текстил во Градскиот пазар, имаат нов реновиран затворен простор, со современи услови кои одговараат на потребите на продавачите и купувачите.
При денешната посета на пазарот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, од страна на директорот на ЈП Пазари, Никола Гацовски, беше информиран дека, активностите се одвиваат согласно предвидената динамика, со што надминат е долгогодишниот проблем во овој дел на градскиот пазар, а комплетно е променета и старата лоша слика на објектот и извршено е негово реновирање со поставување на плочки, нови тезги и соблекувални.
Во текот на оваа недела, комплетно ќе биде завршено и расчистувањето на отворениот дел од пазарот каде што до неодамна закупците продаваа текстил. Со овие активности, просторот целосно ќе го промени својот изглед, а континуирано се работи и на нови проекти за подобрување на условите и хигиената во Градскиот пазар.

ЈП “Пазари“: реновиран затворениот простор
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј го победија фаворитот Работнички во Битола (фотогалерија)
- “Ретро журка Орфеј“ во “Расчекор“ Битола донесе спомени, ритам и магија на златните 80-ти (фотогалерија + видеа)
- СВР Битола: опожарена куќа на “Солунска“





