Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со одлично прво полувреме, но со пораз во Данска

Архус Скандерборг – Еурофарм Пелистер 24:22 (11:11)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва е поразена на гостувањето во Данска од екипата на домаќинот Архус Скандерборг, а тоа е  четврти пораз во Евро лигата.  В овј натпревар “пелистерци“ имаа одлично прво полувреме и нерешен резултат, а вториот дел беше пресуден за поразот од 24:22, полувреме 11:11.

Еурофарм Пелистер одличен го отвори резултатот и на старот имаше 2:4, а потоа и 4:6. Домашниот тим изедначи на 7:7, но Еурофарм Пелистер ја одржуваше истата предност од +2, пред се поради одбраните на голманот Лесјак, кој имаше 10 одбрани во 25 минути.  Еурофарм Пелистер имаше 9:11, но во финишот на првиот дел Архус изедначи на 11:11.

Лошиот старт на “пелистерци“ во второто полувреме можеби беше и пресуден за  поразот во Данска. “Пелистерци“ имаа седум минути без постигнат гол, а во тоа време домаќинот направи 14:11. Потоа беше 14:12, а на 17:13, следуваше серија од 4:1, а потоа беше +7 за данците, 21:14. До крајот на натпреварот “пелистерци“ ја намалеија разликата на два гола за 24:22.  

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Пешевски и Радовиќ со постигнати 4 гола,  Атанасијевиќ со 3 гола, а кај голманот Лесјак имаше 12, а Кизиќ 5 одбрани.

Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин во Битола на Агуас Сантас на 14 февруари.

More from ВестиMore posts in Вести »