Денес во просториите на приватното училиште “САБА“ од Битола, координаторката за настава, м-р Бисера Бијелиќ-Стојчевска и директорот и основач на ИТ компанијата и Академијата за јазици, програмирање,дизајн и човечки ресурси, Благојче Талески, потпишаа ексклузивен Меморандум за долгорочна соработка меѓу ова приватно, средно, стручно училиште и “Анлимитед кодерс“ од Битола.Сè започна пред неколку месеци, од еден неформален разговор и прашањето кое се наметна, како до поквалитетен образовен систем, а следствено на тоа и поквалитетен млад кадар кој ќе сака да работи на локално ниво. Одговорот е вмрежување и соработка меѓу училиштата од една страна и приватниот сектор од друга страна. Примена на научената теорија во пракса, соочување со реални бизнис-ситуации, проблеми и предизвици уште од рана, средношколска возраст. Излегување од комфор-зона за младиот човек значи впуштање во приватен сектор под менторство на поискусни професионалци и учење низ работа.
Потпишувањето на овој Меморандум значи дека учениците кои се запишани и учат во ПСУ “САБА“ од Битола ќе имаат можност во трета и четврта година, својата практична настава да ја изведуваат во рамки на успешната фирма “Анлимитед кодерс“ Битола. Со тоа ќе градат искуство, работна навика, вештини и компетенции кои во иднина ќе ги направат квалитетни кадри коиби биле вреднувани и одлично платени на пазарот на трудот.
“Анлимитед кодерс“ Битола е локална компанија која несебично ги отвори вратите за младите затоа што искрено верува во нивниот потенцијал, го вреднува нивниот труд и работа, а со тоа инвестира во своите идни вработени.
Пошироко гледано, оваа соработка придонесува младиот човек од Битола да има мотив повеќе за да остане овде и својата иднина да ја гради тука. Само на тој начин ќе се развива локалната економија, а Битола ќе биде убаво и перспективно место за живот.

ПСУ “САБА“ и “Анлимитед Кодерс“ потпишаа Меморандум за долгорочна соработка (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- “Биодерма“ и аптеки “Роса Вита“ го одбележаа Светски ден на атопичен дерматит со одржување школа за атопија (фотогалерија)
- “Move It“ – нов сингл на Brass Brothers (видео)
- “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола – лидер во земјоделското осигурување
- Сладодед во слаткарници “ГТ“ на Широк Сокак
- Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола и “Евротип“ дел од “КС Групацијата“ потпишаа меморандум за соработка