Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Уапсен битолчанец за издржување затворска казна и превентивна активност

Денеска 9 февруари 2023 година во 08.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, врз основа на наредба од Основен Суд Битола, лишиле од слобода 23 годишно лице од Битола за издржување затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

Вчера и денеска од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, во просториите на основните општински училишта „Даме Груев“ и „Ѓорги Сугарев“ во Битола, беа реализирани едукативни работилници во рамки на превентивниот проект „Безбедни училишта“. Притоа, на учениците им беа презентирани практичните полициски искуства, како и законските норми во делот на социо-девијатното злоупотребување на социјалните мрежи од страна на децата и тинејџерите – пред сѐ во поглед на сајбер булингот, говорот на омраза и слично. Полициските службеници укажаа за важноста од правовремено препознавање на ваквите асоцијални појави, нивно пријавување, како и начинот на соработка со сите релевантни институции.

More from ВестиMore posts in Вести »