Press "Enter" to skip to content

Богдан Мијушковиќ ново име во Еурофарм Пелистер 2: сакам да напредувам во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 пред стартот на 3. по ред сезона во плеј-офот, каде оправдано насртапуваат, доведе ново засилување, откако дел од првотимците беа прекомандовани во првиот клуб на Еурофарм Пелистер. На позицијата лев бек тимот на Александар Јовиќ беше ослабен, но се сега на местото на Дејан Кукуловски во Битола пристигна црногорскиот лев бек Богдан Мијушковиќ.

Во клубските простории беше преставен 20-годишникот од Црна Гора кој по потпишувањето на договоро за своите први впечатоци, за тимот, за Битола и за  мотивите за доаѓањето во Битола рече:-Доаѓам од Црна Гора, од градот Бар, а претходно настапував за екипата на Добова од Словенија. Во Битола дојдов на полусезона и веднаш ќе кажам дека тука ми е супер. Момците одлично ме прифатија, тренинзите се супер, тренерот и лигата се супер исто така. Мене ми преостанува да напредувам. Имаме млада екипа, мора да напредуваме, играме плеј-оф и едвај чекам да заиграм.

Дебито во новата средина Мијушковиќ ќе го има утре попладне, кога во Битола гостува тимот на Охрид.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »