Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа над Бутел во гости го отвори плеј-офот

Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 23:27 (8:9)

Спортска сала “Антон Димитров“ – Бутел, Скопје, гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Бутел Скопје: Субашевски, Младеновски, Стојановски 2, Ѓеоргиевски 2, Николов 1, Ивановски, Крстевски 1, Мојсоски 2, Спасовски, Стојчевиќ, Манасков 1, Блажевски, Јефтиќ 6, Василевски, Мајиќ 5, Давитковски 3.

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Кисум, Радовиќ 7, Танкоски 1, Хосни 4, Костески 3, Дејвис 3, Кукоски, Велковски, Пет. Атанасијевиќ 1, Дејвис, Васиљев 2, Пешевски, Хенеберг 5, Пав. Атанасијевиќ 1.

Екипата на Еурофарм Пелистер на отворањето на плеј-офот на првото гостување во Бутел ја забележа и првата победа, со резултат 23:27 полувреме 8:9. “Пелистерци“ и вечерва не беа комплетни, го немаше Мохамед Суси.

Во првото полувреме, во првите 15 минути од мечот двата тима играа подобро во одбрана што резултираше со малку постигнати голови. Бутел првиот гол го постигна во 3 минута, а Еурофарм Пелистер првиот свој гол дури во 7 минута. “Пелистерци“ во 17 минута имаа предност од 2:5, Бутел се врати во игра и во 23 минута беше 6:6.  Еурофарм Пелистер подва искористени напади дојде од 6:8, но, Бутел се врати во игра, и имаше и последен напад за израмнување, но битолчани имаа 8:9 на полувреме.

Еурофарм Пелистер, за десет минути, од 36. до 46. минута направија серија од 6:0 поведувајќи со 12:19, по што беше јасно кој е победникот. Имаше Еурофарм Пелистер и предност од +8 (14:22) 22-14, а Бутел намали на 20:25 во 54. минута, а потоа и 22:25. Со голот на Радовиќ во 58. минута беше 22:26, а потоа и следуваа и конечни 23:27.

Во Еурофарм Пелистер најпрецизен беше Мирко Радовиќ со 7 гола, а Себастијан Хенеберг постигна 5 гола. 

Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе игра дома притив Алкалоид.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »