Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на ежекциона фракција-EF, за што вели:
-Еден од главните срцеви параметри е одредување на ежекционата фракција или истисна фракција поточно колкаво количество крв испумпува срцето за време на секоја контракција. Таа можи да се утврди со ехокардиографија со помош на одредување на разликата помеѓу енддијастолниот волумен на левата комора и ендсистолниот волумен на левата комора според метод на Симпсон/Simpson и почесто користениот M-mode метод на Teichholz или одредување на разликата помеѓу енд-дијастолниот дијаметар на левата комора и енд-систолниот дијаметар на левата комора при двата пресеци на срцето.
PLAW кога маркерот на кардиолошката сонда е насочен кон десното рамо на пациентот кој е во лева латерална положба и PSAW кога маркерот на кардиолошката сонда е насочен кон левото рамо на пациентот при што треба да се прикажи кружна форма на левата комора каде се поставува на средина М -mode линијата и се мерат енд -дијастолниот и енд-систолниот дијаметар на левата комора од чија разлика се пресметува ежекционата фракција која нормално е од 55% до 70 % .
Лесно редуцирана ежекциона фракција имаме кога таа е од 54% – 45%, средно редуцирана глобална систолна функција кога имаме од 44% – 30% и тешко редуцирана кога ежекционата фракција е под 30%.
Одредувањето на овој параметар е значаен предоперативна при различни операции како и за процена на тежина на срцева слабост, ежекционата фракција е често редуцирана при дилатативна кардиомиопатија, при исхемични кардиомиопатија при чести постинфаркти состојби итн.
Во случаи на хипертрофија на комори често има зголемена ежекциона фракција и е супернормална во случаи на митрална регургитација.