Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени 10 лице по претреси во 9 куќи со 5 помошни простории и стан, пронајдена дрога и оружје

На 10.02.2023 на подрачјето на СВР Битола, врз основа на претходно изготвен план за координирани мерки и активности од страна на Одделот за криминалистичка полиција, за откривање на сторители за кривични дела по член 215 и 396 од Кривичниот законик и наредби од Судија на претходна постапка за вршење на претрес во дом и други простории, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија 10 претреси.

Претреси беа направени во 9 куќи со 5 помошни простории и 1 стан, од кои 4 претреси во Битола, 2 во Прилеп, 1 претрес во Крушево, 1 во Македонски Брод, 1 претрес во Ресен и 1 во Демир Хисар. Со претресите беа опфатени 10 лица, од кои три се лишени од слобода.

Кај приведените  биле пронајдени и запленети 42 семки марихуана, дробилки, ваги, 7 рамки за автоматска пушка, 90 куршуми маневарска муниција 7,62 мм, 5 куршуми 7,9 мм, 4 пакувања марихуана, корен и делови од стебла од марихуана, ловна пушка „Црвена застава“ 16 мм, ловен карабин „Црвена застава“, ловна пушка 12 мм, ловна пушка 16 мм, 5 парчиња патрони 12мм и 7 парчиња патрони 8х75 мм.

Поднесени се 3 кривични пријави против 3 лица по член 215 и 2 кривични пријави против 2 лица по член 396 од Кривичниот законик, а за едно лице ќе следат дополнителни проверки.

Фото: МВР

More from ВестиMore posts in Вести »