Себични, непристојни, неблагодарни или едноставно, нималку пријатни – ова се негативните особини кои се поврзуваат со оние кои на работното место често велат НЕ. Сепак, на овие колеги треба и да им се позавиди за нешто, зашто точно знаат што можат,а што не можат да направат и не се грижат што ќе помислат другите. Сепак, на повеќето луѓе им е тешко да го достигнат тоа ниво на самодоверба.
Превземањето иницијатива на работното место е клучен фактор за кариерата, кога сакате да напредувате. Но, надредените често ги злоупотребуваат најдобрите намери на луѓето кои не поставуваат јасни граници. Затоа е многу важно да се каже НЕ – дури и ако сакате да бидете тимски играч, нема да стигнете далеку ако на надредените им дозволувате да ве „прегазат“. Секој може да се пронајде во (“Ѓаволот носи Прада“, “Социјална мрежа“, “Волкот од Волстрит“ – се некои од филмовите снимени помеѓу 1990 и 2010 година кои зборуваат за екстремно лошите односи на животот и работата)
(Пример од секојдневието на работа: Работливи,совесни, организирани, фер-плеј играчи,подготвени да помогнат и токму тоа му се допаѓа на шефот. Тој или таа секогаш го повикува кога се појавува потешка задача, каде што се очекува да се делува одговорно. Кога ќе стане збор за групен проект, шефот одбира, најчество од оние кои нема да поставуваат дополнителни прашања или дека нема да приговараат или даваат изговори. Ова води кон премногу работа… Може да се јават чувства на огорченост, незадоволство, искористеност. Секој ден сме се поизморени, под стрес и во лошо расположение. Тоа и го претставува „Прегорувањето на работното место“.
Да се каже НЕ и не е толку едноставно како кога го пишуваме и кажуваме.
Воспитувани сме, особено оние со авторитарни родители во традиционално родителство родени во 70, 80 и 90 години од минтиот век кога требаше да бидеме „послушни“ и така сме “добри”. Тоа значи да ги слушаме другите, да не кажуваме што навистина мислиме, единствено да се насмевнеме и да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е. Во однос на работата, исто така треба да почекаме, да ја прифатиме онаква каква што е, да бидеме послушни, културни…Постојат и други причини
Зошто е тешко да му се каже НЕ на вашите надредени (шеф, директор) или на некој колега?
Можеби мислите дека тоа ќе го налути и ќе го загрози вашето работно место, но впрочем многумина од нас прифаќаат премногу работа заради подлабоки психолошки притисоци:
-Ако сте личност која „удоволува“ ќе превземате и премногу обврски за да се чубвствувате прифатено и „сакано“
-Често ќе бидете во искушение да кажете „можеби“ или „не знам“ за некоја работа дури и да не сте заинтересирани.
Можеби ќе забележите дека некој колега ве пофалува или ти дава комплименти за да направиш нешто за него. Размисли дали си изманипулиран.
Манипулаторите можеби ќе ти кажат: “би сакал да го земам тој проект, но ти си многу подобар на оваа тема, од мене. Ти ќе ја направиш оваа работа подобро.Препораки
Првото нешто што треба да се запрашате е тоа кои се вашите граници кога станува збор за преземање дополнителни обврски.
Да кажете НЕ значи дека знаете да поставите граница со вас самите и за другите.
Може да ви помогне ако кажете:
-За жал, немам капацитет за таа и таа работа.
-Морам ли да го направам тој проект.
-Почестен сум, но некој може да посвети повеќе време кое ова го заслужува.
-Имам планови за тој ден, но благодарам што мислите на мене.
Да се каже “НЕ “ е начин на кој се дефинираат нашите граници и да ги направиме видливи за другите. Поставете граници, но бидете подготвени дека вашите реалции со другите ќе се менуваат и некои конекции ќе престанат.