Како и беше најавено на претставувањето на новата управа и новиот претседател, Митко Стојковски, на фудбалскиот клуб Пелистер, дека штом се подобрат временскиот услови ќе започнат подготовките на фудбалскиот стадион “Петар Милошевски“, тоа и се случи.Денес, екипи на комуналното јавно претпријатие “Нискоградба“ од Битола со градежна механизација започна работи на уредување и оплеменување на просторот под новата трибина на стадионот “Петар Милошевски“ во пресрет на пролетниот дел од фудбалската сезона, а работите започна пред новиот влез на теренот од новата трибина.
Исто така екипи на КЈП “Нискоградба“ од Битола денес изведуваат градежни работи за уредување на паркинг просторот во центарот на градот – отспротива стаклената зграда, кои беше оштетен поради прекопите по дефектите на водоводната мрежа кои беа санирани на тоа место, а се прередуваат гранитните плочки.

“Нискоградба“ – Битола започна со уредување на стадионот и паркингот во центарот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)