Како и беше најавено на претставувањето на новата управа и новиот претседател, Митко Стојковски, на фудбалскиот клуб Пелистер, дека штом се подобрат временскиот услови ќе започнат подготовките на фудбалскиот стадион “Петар Милошевски“, тоа и се случи.
Денес, екипи на комуналното јавно претпријатие “Нискоградба“ од Битола со градежна механизација започна работи на уредување и оплеменување на просторот под новата трибина на стадионот “Петар Милошевски“ во пресрет на пролетниот дел од фудбалската сезона, а работите започна пред новиот влез на теренот од новата трибина.
Исто така екипи на КЈП “Нискоградба“ од Битола денес изведуваат градежни работи за уредување на паркинг просторот во центарот на градот – отспротива стаклената зграда, кои беше оштетен поради прекопите по дефектите на водоводната мрежа кои беа санирани на тоа место, а се прередуваат гранитните плочки.

“Нискоградба“ – Битола започна со уредување на стадионот и паркингот во центарот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Донесен Законот за основање Факултет за медицински науки и здравство во состав на УКЛО
- СВР Битола: малолетничко насилство, семејно насилство, физички напад, приведување за марихуана
- Денес 13. седница на Советот на Општина Битола
- Европска диплома како мост меѓу Западен Балкан и Европскиот простор за високо образование – тркалезна маса во организација на УКЛО (фото)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 25 степени





