Еурофарм Пелистер – Агуаш Санташ 27:27 (14:13)
Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во четвртиот европски меч пред својата публика одиграа реми (27:27) и така ја задржа својата позиција на табелата и не ја искомпликува ситуацијата во групата од Европската лига, а јунак на натпреварот беше голманот Марко Кизиќ кој го одбрани последниот напад на Португалците во последните секунди од натпреварот.Првото полувреме започна со одлична игра на домаќинот, а како резултат на таквата игра беше 7:4. Агуаш Санташ напаѓаше од сите страни, а на полувреме “пелистерци“ заминаа со гол предност, 14:13.
И во второто полувреме пелистерци константно водеа, се до 45. минута (20:19), кога продолжија без Кукоски кој доби црвен картон поради трето исклучување. Португалци за три минути постигнаа три гола, и поведиа со 20:22. Голманот Кизиќ, го врати свпкот тим на -1 (24:25) на пет минути пред крајот, а Дејвис погоди за 25:25. На минута пред крајот беше 26:26, a потоа гостите поведоа со 26:27. Хосни изнуди пенал кој во гол го претвори Пешевски за 27:27. Агуаш Санташ имаше напад, но Кизиќ го спаси Еурофарм Пелистер од пораз.
Најефикасен кај Пелистер беше Мирко Радовиќ со 5 гола, Пешевски со 4, а Ојлевски и Костевски со по 3.