Press "Enter" to skip to content

Јубилеи: 30 години “Радио 106“, радио со најголемата слушаност

Светскиот ден на радиото се слави на 13. февруари, но битолскиот ден на радиото се слави следниот ден, на 14. февруари!

Светскиот ден на радиото се слави на 13. февруари, но битолскиот ден на радиото се слави следниот ден, на 14. февруари! Тоа е роденденот на најпознатото битолско радио, популарната 106-ка, која оваа година го прослави својот 30-ти роденден.Иако неофицијално постои подолго од 30 години, сепак, радиото роденденот го слави на Денот на виното и љубовта. Значи за радио кое со секој извештај за рејтингот на медиумите објавен од Агенцијата за Аудио и Аудио-визуелни Услуги на Македонија ја има најголемата слушаност.

На нивната фреквенција (106.6 фм) можете да слушнете информации за медицина, наука, технологија, музика, филм и секако најновите хитови кои секогаш ги презентираат први, но и внимателно избраните класик хитови. Програмските содржини се наведени на нивниот вебсајт (106.com.mk).Тимот на 106-ка вели дека и по 30 години, сеуште се заљубени во радиото и на своите сограѓани, но и на сите кои го слушаат на интернет низ целиот свет им се заблагодари за приврзаноста и им порача дека и натаму ќе остане во нивна служба, презентирајќи ја, како што велат, “Музиката на вашиот живот”!