Синоќа 14 февруари во “Aurum kitchen and bar“ секој со различен повод на прослава. Со чаша вино за Св. Трифун заштитникот на лозјата и виното или за Денот на вљубените црвена ружа за саканата личност.Но сепак сите уживаа во вкусната храна, вино и десерти приготвени во “Aurum kitchen and bar“ и тимот на шефот на кујната лександар Видоевски. Тие се надминаа себеси, за да им угодат на гостите кои беа синоќа на тематска забава органзирана за да се слават виното и љубовта.
Атмосферата ја дополни музика со Ламбе Алабаковски и бендот “Марифет“.
-Се потрудивме се да биде во знакот на виното и љубовта. Храната беше приготвена и декорирана со посебно внимание. Десертите кои ги приготви Наташа беа во знак на љубовта со преливи од чоколадо, ванила, јагоди и црвени декорации. Оние кои ја славеа љубовта да уживаат и со око, но и мирис, вкус, вели Александар Видоевски.
Тимот на “Aurum kitchen and bar“ продолжува со организирање на тематски забаво од овој тип со изнанадувања за своите гости кои се редовни во нашиот ресторан.
Ж.Ристевска