Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите ја поминаа првата пречка, утре полуфинале против Феникс

Пелистер – Еуро Никел 79:70

Во третиот натпревар од четвртфиналето екипата на Пелистер од Битола, во Скопје  ја победи екипата на Еуро Никел, а до пласманот во полуфиналето дојде преку одлична игра во последна четвртина со која ги елиминира сите слабости прикажани во претходните периоди на играта.

Во првата четвртина Пелистер ја имаше првата битна предност, во 6. минута поведе со 19:12,  а по тајм-аутот Еуро Никел 2005  ја стигна негативата, а по серијата од 9:1, премина и во водство 20:23. Кавадарчани потоа додадоа уште пет поени за 20:28 на крајот на првата четвртина. Во втората четвртина нова серина на Еуро Никел  за 19:31. Следуваа поени на Караџовски и Малскинко за 36:38 во средината на втората четвртина. Слично беше и на две минути пред истекот на полувремето, 40:42, а на полувреме се отиде со 43:45.

По одморот, во третата четвртина Еуро Никел дојде до 48:54, а потоа и до 57:62, за на крајот на третата четвртина да биде 61:62. В0 последната четвртина во 34. мунита беше нерешено 66:66, а потоа го Пелистер го презеде воството, преку Карпентер со три поени 69:66. Со добрата зонска одбрана “пелистерци“  поведе со 72:68, а со +10 (76:68) започнаа последните две минути. Пелистер рутински го заврши натпреварот и се пласира во полуфиналето. 

Најефикасен кај Пелистер Карпентер со 22 поени, пред Караџовски со 20 поени, Маслинко додаде 16 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »