Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј не се пласира во завршницата на Купот

Јанта Волеј – Пелистер Волеј 3:0

(25:19; 25:11; 25:19)

Екипата на Пелистер Волеј од Битола е совладана од Јанта Волеј во Скопје, во рамките на 1/4 финалето од Купот во одбојка, во еден натпревар со полудиригиран жреб, во натпревар во кој публиката
виде атрактивни два сета и еден сет во кој домаќинот беше доминантен.
-Започнавме доста добро и игравме поен за поен во поголемиот дел од првиот и третиот сет, во кои навистина бевме екипа достојна за еден ваков натпревар и во ниеден сегмент од играта не се посрамотивме ниту пак се доведовме во подредена ситуација, напротив, се трудевме да го дадеме својот максимум што на крајот изнуди и по некој аплауз за атрактивните поени, а со тоа докажавме дека неслучајно најдовме место меѓу најдобрите 8 во ова натпреварување, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.
 
Поените за Пелистер ги освоија: Софија Проковиќ 8, Стефани Најдановска 8, Ивана Белокозовска 7, Лиле Лозановска 4, Меланија Каралиоска 4 и Билјана Јаковлевска 3.
More from ВестиMore posts in Вести »