Ректорот на Унивезитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Игор Неделковски, со посебен интерес ја следи и поддржува издавачката дејност на единиците на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Последниот позитивен пример е промоцијата на универзитетскиот учебник „Раководење во полицијата“ во авторство на деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, на којашто присуствуваше и Ректорот на УКЛО.Рецензентите, професори од оваа единица на УКЛО, д-р Цане Мојаноски и д-р Трпе Стојановски, посочија дека освен за потребите на студентите, учебникот „Раководење во полицијата“ е нужна стручна литература која на полициските раководители ќе им овозможи да се стекнат со теоретски и практични знаења, неопходни во градење на полицијата како столб на демократскиот систем и еден од гарантите на европските вредности. Токму во таа насока, на промоција говореа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.
Издавачката дејност на УКЛО побогата за уште еден учебник
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)