Press "Enter" to skip to content

Денес стартуваат фудбалерите, целта е враќање во Првата лига

Во присуство на новиот претседател на ФК Пелистер од Битола и членовите на управата, фудбалерите на Пелистер го одработија последниот тренинг под Тумбекафе пред стартот на пролетниот дел од шампионатот во Втората македонска фудбалска лига.

По тримесечна пауза денес продолжува фудбалскиот шампионат на Македонија, а во Битола своето деби во новиот клуб го очекува Бобан Бабунски против Кожув, кој изјави:

-Проектот на Пелистер е предодреден да успее. Имаме идеални услови за работа, работна атмосфера, добар ростер и град кој живее и го поддржува клубот. Добро се подготвивме, напорно работиме и со нетрпение ги чекаме официјалните натпревари. Нема да потцениме ниту еден противник и ќе влеземе максимално против секој ривал. Тимот е исполнет со искусни фудбалери, но и тројцата млади фудбалери кои пристигнаа зимава минаа одличен подготвителен процес. Кожув е првиот ривал и ние максимално ќе го анализираме, за подготвени да влеземе во дуелот в сабота и да не ни се повторат некои грешки од есенските натпревари. Ги повикувам битолчани на стадион, да ни дадат поддршка и заедно да се радуваме.

Напаѓачот Борче Маневски верува дека секој фудбалер ќе го даде максимумот и ќе успеат со три бода да ја израдуваат домашната публика и дададе:

-Подготвени сме за првиот пролетен предизвик. Во текот на зимските подготовки работевме напорно, тренерот ќе одлучи кој ќе настапи на овој дуел, а сигурен сум дека секој што ќе добие шанса ќе го даде максимумот. Посакуваме да ја израдуваме битолската публика со три бода.

Средбата во Битола, како и останатите во ВМФЛ се закажани за денес, со почеток од 14:00 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »