Press "Enter" to skip to content

“Петарда“ во Битола на стартот на пролетниот дел на Втората лига (фотогалерија)

Пелистер – Кожув 5:0 (1:0)

Денес на стадинот “Петар Милошевски“, под Тумбекафе, во Битола стартуваа фудбалерите на Пелистер во рамките на Втората фудбалска лига, во која “пелистерци“ со нов тренер и нова управа, влегуваат со јасна амбиција враќање во Првата лига.Оваа цел дека не е неоставрлива покажаа фудбалерите на Пелистер со убедлива победа над екипата на Кожув, со резултат 5:0, полувреме 1:0, во натпреварот во рамките на 16. коло.Головите за Пелистер за сигурна и убедлива победа ги постигнаа Бојан Спирковски во првото полувеме, а на стартот на второто полувреме бележиме два гола на Борче Маневски веднаш по влегувањето во игра по кое беше 3:0. Четвртиот гол е на Бурхан Мустафов, а за конечни 5:0 во судиското продолжение се погрижи Благојче Љамчевски со гол кој ретко се гледа на фудблските терени, гол од 25 метри со волеј удар по избедувањето на корнер.По 16 одиграни кола Пелистер е на 4. место со 33 бода, првопласирана е екипата на Гостивар со 40, на второ место е Воска спорт со 37, колку што има и третопласираниот Вардар.

More from ВестиMore posts in Вести »