Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична за посредување во вршење проституција, контроли во казина, обложувалници и угостителски објекти, 26 возачи под дејство на алкохол

СВР Битола поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “посредување во вршење на проституција” казниво по член 191 од Кривичниот законик. Пријавениот во период од две години се до 08.02.2023 на 20-годишна девојка од Битола и договарал клиенти и локации во градот за одреден паричен надомест, а повремено и тој бил присутен на местото. По преземени мерки и активности, тој бил лишен од слобода и му е поднесена пријавата.

На 18/19.02.2023 во перидоот од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Битола спровеле акциска контрола во казина, спортски обложувалници и угостителски објекти во Битола. Притоа, во угостителски објект биле затекнати шест малолетници при консумирање алкохол, во угостителски објект бил затекнат малолетник по 00.00 часот и во казино бил затекнат малолетник како игра на рулет машина. Малолетници биле предадени на нивните родители, а по целосно документирање на случаите против сопственици ќе бидат поднесени соодветени пријави.

Во текот на изминатата вечер 19.02 во период од  00.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 26 возачи. Од нив 13 на територија на  Битола и 10 во Прилеп ,1 Ресен,1 Демир Хисар и 1 Македонски брод.За време на контролата биле санкционирани и 25 останати прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.

More from ВестиMore posts in Вести »