Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола партиципиент во управувачките тела на “Хеликас“

Претставници од раководството на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола од  17 до 18 февруари 2023 г. во Софија учествуваa на Конференцијата “Територијална прекугранична соработка во Југоисточна Европа, значење на институциите и финансиска поддршка” во организација на Европската групација за територијална соработка ХЕЛИКАС.

Делегацијата од УКЛО во која учествуваа проректорите: проф. д-р Горан Илиќ  и проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, претседателот на Сенат, проф. д-р Николче Јанкуловски и институционалниот ЕРАЗМУС+ координатор на УКЛО проф. д-р Рената Петревска Нечкоска на Конференцијата дискутираа за најактуелните теми поврзани со значењето на прекуграничната соработка и начините за надминување на бројните предизвици.Во рамки на активностите, ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски е избран за прв член на Одборот и Генералното собрание на ХЕЛИКАС, а за заменик е назначен проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ, кој во име на ректорот и УКЛО се обрати на отворањето на Генералното собрание на ХЕЛИКАС.

Воедно, за втор член на Генералното собрание на ХЕЛИКАС е избрана проф. д-р Рената Петревска Нечкоска и во својство на заменик е назначена проректороката проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска.

More from ВестиMore posts in Вести »