Култирно информативниот центар Битола ја објави културната агенда за оваа седмица, а според програмата настаните ќе го привлечат вниманието на љубителите на културата во Битола:
СРЕДА, 19 часот, ОФИЦЕРСКИ ДОМ – СВЕЧЕНА САЛА, МУЗИЧКИ ВРЕМЕПЛОВ
Концерт во чест на 76 годишнината од постоењето на Државното Музичко Училиште – Битола, настапуваат професорите од ДМУ
ЧЕТВРТОК 19 часот, ОФИЦЕРСКИ ДОМ – ИСТОЧНА ГАЛЕРИЈА, изложба МАКЕДОНИЈА
ДАНИЕЛ ЧАСТИНЕТ И ВИЛСОН НЕТО – БРАЗИЛ. КИЦ Битола во соработка со Меѓународна ликовна колонија „ДеНиро“
ЧЕТВРТОК, 20:30 ч. ОФИЦЕРСКИ ДОМ – СВЕЧЕНА САЛА, PHALARIS’S BULL: SOLVING THE RIDDLE OF THE GREAT BIG WORLD
Театарска претстава од Steven Friedman – САД. КИЦ Битола во соработка со амбасадата на САД во Скопје и Општина Битола
ПЕТОК 19 часот, ОФИЦЕРСКИ ДОМ – СВЕЧЕНА САЛА, ПЛЕЈБЕК ТЕАТАР
Социо – културен настан. КИЦ Битола во соработка со Центар за психотерапија и едукација Amigdala – Скопје и Алтернативен театар „Отпишани“ – Скопје.