Сноб е личност која сите луѓе ги смета инфериорни на себе. Тоа може да биде во однос на интелект, богатсво, потекло…
Сноб е личност која настојува да изгледа отмено, и настојува да биде што послична на припадниците на високото општество. Синдром кој е сликовито на хумуристичен начин опишан во драмата на Бранислав Нушиќ „Госпоѓа министерка“. Тука се опишани главните карактеристики на снобизмот. Снобовите секогаш ги дискриминираат оние кои се испод нив или оние кои ги сметаат дека се испод нив.
Снобовите може да се помодари во било која смисла: во уметноста, во здрав начин на живот, еко трендови, егзотични патувања. Тие вообичаено може да се фалат дека одат на летување или патување во Египет, Дубаи, Малдиви… а да ги потценуваат пример соседот, пријателот кој не може да отиде или оди Преспа, Охрид. За него тие не се “ИН“. Па така снобвите слушаат, прават само она што е “IN“, а на се што е “OUT“ им се потсмеваат.
Снобизмот со себе повлекува и други промени на општествено ниво. Општеството станува површно и материјалистичко. Дискриминација е се повеќе присутна во општеството, и ги поместува системот на вредности. Примери на снобизам се насекаде околу нас. Во нашето демократско општесво се стана дозволено. Со релативизирање на вредностите од само себе познати причини сите други се гледаат од „висина’. Тука спаѓа и потценувањето на успехот на другиот и негово непризнавање. И прашањето кое се наметнува прашањето:Дали живееме во ера на снобови?
Колку општеството е посиромашно финански, тоа неминовно доведува тоа да стане и духовно посиромашно. Денешното опшетсво е материјалистичко и потрошувачко. Материјалните работи, нешта стануваат главно мерило на статус. Тоа е она основно што го прати снобизмот. Се обезвреднуваат вистинските вредности на здраво општество и здрави работни навики кај децата како што се станување рано, пожртвуваност, учење, трпеливост, толеранција…
Снобизмот е се повеќе присутен и во воспитувањето на децата. Така родителите кои и самите се снобови на некој начин ги прават така и своите деца. Родителите снобови ги запишуваат своите деца во скапи приватни училиште, ги запишуваат на многу курсеви за странски јазици, балет… Ако не се децата, тука може да се и нивните миленици
Децата и снобизмот
За жал, потрошувачкиот систем подразбира дека уште од најмала возраст децата се под влијание на снобизам. Ако им се даваат скапи работи телефони, облека, патики… Социјалните мрежи им наметнуваат на тинејџерите дека – Важно е да имаш изглед,(ако и немаш, тука се козметичките поплнување усни, продолжени трепки, лифтинг на веѓи, трепки…) потоа скап автомобил, сат, брендирана облека, телефон. Не се шират вредности дали си прочитал книга, да гледаш некој добар филм, учиш странски јазик, имаш пријатели. Со социјалните мрежи денес ако имаш камера, имаш шминка, имаш прав филер имаш и публика, ќе направиш своја приказна, ќе имаш лајкови и ќе бидеш се… виртуелно. Со тоа се развива и искривена слика на реалноста. Родителите имаат право и должност да ги воспитуваат своите деца на вистински животни втредности.
Емпатија, чесност, добрина, помагање, учење, културно однесување. Почит кон училиштето, наставници, повозрасните. Она што не учеле нас во минатиот век и тие вредности не би требало да се променат.
Снобот најмногу зависи од тоа како другите го оценуваат. И така ја формира својата личност. Сноб исто така може да е личност која по секоја цена набавува маркирана облека, чевли, оди на пластичи операции без реални основи за тоа, излегува на популарна места, не сака да биде видена со личности од понизок општествен статус, слепо ги прати трендовите кои им потавуваат богатите и познатите. На другите кои ги смета дека се под него, гледа од висина.Социјалните мрежи овозможија снобизмот да стане се повеќе и повеќе присутен
Општествената себепромоција е основа во структурата на снобизмот, тука и може да се преслика. Можностите за самопромоција на себе се достапни на секој. А обично се сведуваат на материјалистички супериорност. И тоа не е замена за прави вредности, туку и мерка на сите вреднoсти. Кој не се снашол и не заслужува внимание. Како и да е, како правиме граница помеѓу она што навистина ни одговара и она што е во спротивност со она што навистина сме? Кои се вистинските трендови и како да се ограничуваме од она што насилно ни се наметнува? Секое семејство и секој треба да има своја ТОП Листа на животни вредности кои ќе им бидат “ИН“.
За потекло и значење на зборот СНОБ
Снобизмот е поим кој настанал во време на меѓу класно движење, и преминување од една класа во друга по пат на образование, а потоа заслуги, манири, и богатсво. Оттука и самиот корен на зборот SNOB- Sine nobilitate, што во буквален превод од латински, значи без племставо. Префикс s.nob е пишуван испред имињата на студентите на елитните британски универзитети кои доѓаа од племенски семејства.
Денес, кога не можеме да зборуваме за меѓукласни движења во изворна смисла на зборот, снобизмот се изразува преку некоја форма на племенска поделба меѓу луѓето во однос на нивото на образование, богатството, политичките убедувања, урбаноста…
Снобовите не треба да се мешаат со малограѓани. Разликата е драстична. Основна разлика е што малограѓните за разлика од снобовите немааат стил, и генерално патат од комплекс на нижа вредност, воглавном заради своето потекло. Додека снобовите не патат од комплекси и сакаат да негуваат имиџ на личност која ужива во сите сегменти на животот.