Press "Enter" to skip to content

“Дојди да ме бакниш бејбе“ нова песна на “Паркети“ и црно-бело видео (видео)

Деновиве групата “Паркети“ ја промовираше најновата песна со наслов “Дојди да ме бакниш бејбе“. За оваа песна членовите на оваа популарна музичка група од Битола снимија, како велат, црно бело видео, а од каде идејата за снимање на спотот додаваат.

-Спотот е сниман во малата каде игравме како деца. Таму има еден голем камен кој и во тоа време постоеше, не врати 30 години назад во детството.

Текстот и музиката се на Симс Паркет, снимена е во студиото на Сашо Паркет, “FUSHRECORDS“ .