Press "Enter" to skip to content

Научници и студенти од Кралскиот институт од Шведска на средба со претседателката на Советот и во ОУ “Ѓорги Сугарев“ (фото)

Нелсон Суммерфилд научник од Кралскиот институт од Шведска (KTH), заедно со професори и студенти, на средбата кај претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, ги кажа впечатоците од посетата на Битола и и ги претстави проектите кои ги работат за Битола заедно со претставниците на хуманитарната организација “Hand Till Hand“ во соработка со „Sweco“.Илиевска им заблагодари на професорите и студентите од Кралскиот институт од Шведска и хуманитарната организација за тоа што досега го работеле за разни институции, и им претстави дел од проектите на Општина Битола кои се значајни за градот, но и проблемите кои ги решаваат, како кучињата скитници, зголемувањето на зелените површини, проблемот на загадениот воздух, канцерогените заболувања…Марија Росенгрен од хуманитарната организација “Hand Till Hand“ го искажа задоволството на целиот тим од тоа како се пречекани во Битола секаде каде се обратиле и се надева дека според она што го договориле ќе имаат успешна соработка со сите и ќе го реализираат проектите.

Претставниците од Кралскиот институт од Шведска заедно Марија и Тумас Росенгрен од хуманитарната организација “Hand Till Hand“ го посетија и ОУ “Ѓорги Сугарев“ каде беа информирани за досегашните постигнати успеси на полето на инклузивното образование. Исто така беше посетен и кабинетот за сензорна интеграција кој е и шведска донација.

More from ВестиMore posts in Вести »