Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична за предизвикување пожар, приведување за агресивно однесување кон полицајци, пронајдена стара граната

На 21.02.2023 во СВР Битола бил извршен службен разговор со  Х.П. (58) од село Трново, битолско. Тој се сомничи дека на 21.02.2023 околу 11.00 часот во дворот на неговата куќа во село Трново, запалил оган од суви гранки, при што огнот се проширил кон соседниот двор и зафатил дел од дворот со дрва и дел од штала, како и нива и зафатил далновод за пренос на електрична енергија.  Х.П. го признал делото, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 22.02.2023 на ул.Васко Карангелевски во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 25 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.02.2023 во СВР Битола, било пријавено дека во с.Трново, битолско, била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ка подигнал гранатата и било констатирано дека се работи за артилериска граната со калибар 75 мм од Првата светска војна. Увид бил извршен.

More from ВестиMore posts in Вести »