Денес во Битола на возраст од 63 години по кратко боледување и ненадејно почина Марија Мима Герас-Дочовска, соопшти нејзиното семејство.
Марија Мима Герас-Дочовска покрај дипломиран правник битолчани ќе ја паметат и како раководител на проектот “Еврејски гробишта-Битола“ и здружението “АХАМ“ кои во последните години воспоставија и реализираа голем број на проекти со Израел. Герас-Дочовска беше дел приказната за Евреите од Битола, дел од проектот за чистење на Еврејските гробишта во Битола и нивно ревитализирање како и документирање на најстарите Еврејски гробишта на Балканот, иницијативата за старт-апи, дел од тимот кој се залагаше за поставувањето на сончевиот часовник во Еврејските гробишта, преименувањето на Здравствениот дом, Маршот на живите, како и многу други настани, но и донации.
Мима Герас-Дочовска беше дел од проектите за туристички развој на Битола, а беше и промотор на книги и други изданија.
Погребната постапка ќе започне утре, 23 февруари, во 12 часот во црквата “Св. Димитрија Битола“, а погребувањето веднаш потоа на гробиштата во Буково.