Press "Enter" to skip to content

Висока медицинска школа и СОУ “Таки Даскало“ склучија меморандум за соработка

Членката на Универзитет “Св. Климент Охридски“ Битола, Висока медицинска школа и СОУ “Таки Даскало“ склучија меморандум за соработка со цел поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, изградба и зајакнување на меѓусебните врски и професионална размена на искуства.

Двете страни се согласија да соработуваат во широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста меѓу студентите и учениците, како и наставниот персонал во двете установи преку семинари, работилници, консултантска дејност, изработка на трудови, методи, техники и инструменти за подобрување на науката и образованието.

Директорот на Висока медицинска школа – Проф. д-р Тања Јовановска и директорот на СОУ Таки Даскало, Грујовски Ристо го потпишаа меморандумот во присутство на професори од Високата медицинска школа и наставниот кадар од СОУ ‚‚Таки Даскало‘‘.

More from ВестиMore posts in Вести »