Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: директорката на градинката “Естреја Овадија Мара“ одбива да го реши проблемот со греење во “Колибри“

Општина Битола известува за проблемите околу греењево во детскта градинка, преку соопштение во кое се вели:

-И покрај пренесениот вишок на финансиски средства од градинката „Естреја Овадија Мара“ во висина од 30.878.620 денари, кој веќе 3 години останува неискоритен за реконструкција и одржување, директорката на градинката не планира решавање на проблемот со греењето во градинката „Колибри“, што директно влијае и на затоплувањето на просториите во објектот кои ги користи училиштето „Тодор Ангелевски“. Проблемот со цевниот систем во објектот беше констатиран во ноември минатата година, кога градоначалникот Тони Коњановски и стручните екипи од општината извршија увид во детската градинка, при што беше договорено, општината да овозможи техничка поддршка за подготовка на потребната документација, а раководството на градинката да ја спроведе постапката со што ќе се изврши замена на целата цевна мрежа.

Иако, ваквиот предлог од градоначалникот Коњановски, беше прифатен од директорката Лидија Тфирст Митревска, директорката не само што не ја спроведе постапката, туку и најави исклучување на парното греење во објектот, а просториите во градинката планира да ги затоплува со клима уреди кои ќе бидат поставени деновиве. Со ваквиот пристап, покрај зголемувањето на потрошувачката на електричната енергија, директорката ќе го прекине греењето и за учениците од подрачното училиште на ОУ “Тодор Ангелевски“.

Имајќи ги предвид ваквите околности, несакајќи да биде дел од политичка тенденциозност на штета на најмладите, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, веќе презеде мерки со кои општината ќе пристапи кон реализација на инвестицискиот проект, кој требало да се реализира многу одамна, затоа што цевниот систем е стар колку и објектот на детската градинка.

Општина Битола, нема да дозволи, ненавременото делување на менаџерскиот тим на детската градинка „Естреја Овадија Мара“, да влијае на децата и учениците и нивниот воспитно – образовен процес, кој мора да се одвива континуирано и во соодветни услови.

Дополнително, Општина Битола, поради одземените ингеренции за назначување на директор на установата, ја повикува Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, да го преиспита работењето на кадровото решение за директор на установата и да преземе соодветни мерки, во интерес на најмладите.