Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени пет лица за тешки кражби во хидроцентралата “Сапунчица“ и ДЗС – украденото вратено, автобус излетал од патот

 
На 22.02.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности,  лишиле од слобода  пет лица на возраст од 23, 26, 26, 31, 44 и 34  години сите од Битола.  Тие се сомничат дека во периодот од 19.02. до 22.02.2023 извршиле три тешки кражби, од кои две во хидроцентралата Сапунчица во село Дихово, битолско, и една во објект на Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, во кругот на старата касарна во Битола, при што одзеле повеќе предмети.  Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.02.2023 во 22.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола- Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 50 годишно лице од Битола, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата, 38 жена од
с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телени повреди, додека едно лице од Лопатица и пет лица од Кукречани и едно лице од Крклино  битолско се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »