Press "Enter" to skip to content

Отчет на КИЦ “Битола“ за изминатите десет месеци, 400 настани, 500 изведувачи, 65.000 публика (фото)

Денес во Свечената сала на Културно информативниот центар Битола директорката Лили Бошевска и најблиските соработници одржаа прес конференција на која се осврнаа на работењето на оваа општинска установа од културата во 2022 година. Бошевска на почетокот истакна дека за нив најголеми признание за работата е задоволната публика која била во голем број, влукно 65.000 битолчани, секако дел и од околните градови.

За извештајот за работа во 2022 година таа рече:-Ни претставува чест што бевме домаќини на повеќе од четиристотини културни и други јавни настани за само десет месеци активна работа во 2022, при што примивме преку шеесет и пет илјади (65000) публика , а на сценските простори на КИЦ Битола, во Офицерски дом и “Кино Манаки“, настапиле преку петстотини (500) изведувачи од сите културни сегменти, како музичари, актери, поети, сликари, фотографери, мултимедијални артисти и др. Воедно КИЦ Битола се појавува и како продуцент на неколку важни настани, а особено важно да се напомене меѓународната активност со пет настани од меѓународен карактер во наша продукција и иницијатива, при што промовиравме седум нови сценски простори достапни за уметниците и публиката.

За десет месеци, се пофалија од КИЦ “Битола“ имале настани кои оставија особен впечаток врз публиката и културната јавност, бидејќи такви има и премногу, а за бројките Бошевска рече:

-Бројките се навистина импозантни и зборуваат за една серизона динамика и културна политика и професионален капацитет на установата. Имено од реализирани четиристотини и шест настани, сто дваесет и три (123) се концерти, претежно на класична музика, седумнаесет изложби (17), дваесет и пет театарски претстави (25) сто и тринаесет кино проекции (113) и стотина други настани од мултимедија, литература и др. Би ги издвоиле следните настани; Концерт „Македонисимо“ на Симон Трпчевски, Концерт “Стабат Матер“, одбележување на светскиот ден на џез музиката, Градските приказни на КУД ИЛИНДЕН, театарската школа “Бабец“, V Меѓународен фестивал на кларинет и саксофон „СаксКлар“2022, „Пијано фест“, Шекспир фестивал, “Хармониките фестивал“, “Бит фест“ концерт на “Профундус“, ревијална вечер на серенада „Ех, таа серенада“, концерт на Дино Имери, “Зимска приказна“, изложбите на македонски и италијански уметници „Mirror Face to Face“, “Атланти и Хипербореа“ на Владо Ѓоревски, СЕЕ филм фестивал, ИФФК Браќа Манаки – студентска програма, Битолска современа уметност – галериска поставка, Концерт на Виенски инструментални солисти, Концерт на хорска музика – Хор „Триглав“ и многу други.КИЦ “Битола“ во оваа година влегува уште поамбициозно како со набавка на
техника за уметничка реализација и презентации, така и со промовирање на нова современа веб страница kicbitola.mk изработена во соработка и поддршка на ит компанијата kimicom која соддржи целосен преглед на програмската и ресурсната структура на установата, настаните, архива, можност за резервации и сл.

За идните планови директорката рече:

-Најавуваме еден амбициозен проект, односно електронското списание за култура и уметност „Бели хоризонти“, во кое ќе бидат поместени теми од културата и уметноста, архитектурата, сликарството, литературата, со што КИЦ Битола си поставува нови предизвици и стандарди во работењето. Истотака КИЦ Битола е поддржан со четири проекти од национален интерес од Министерство за култура од областа на ликовната уметност, интердисциплинарните уметности и меѓународна соработка, а поддршката од Општина Битола, освен во институционалниот дел доаѓа и во поддршка на повеќе проекти.
Она што е новитет во годинешната програмска и ресурсна поставеност на КИЦ

Оваа година во КИЦ “Битола, за што подготовките се во тек, ќе се отвори Туристичкиот инфо центар во рамките на “Кино Манаки, активностите за туристичка промоција на Офицерски и Кино Манаки и секако Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »