Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пријава за физички напад, приведено лице за напад на полицаец, санкционирани се 65 возачи, 11 без возачка дозвола

На 24.02.2023 во 16.15 часот С.К. (19) од Битола пријавил дека околу 12.20 часот пред угостителски објект во Битола бил физички нападнат од 31 годишно лице од село Радобор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 24.02.2023 во 12.50 часот од угостителски објект во Битола од полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода 31 годишно лице од село Радобор, кое претходно било пријавено. поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (25.02.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 65 возачи, од кои 11 за возење без возачка дозвола, поднесени се 8 барања за поведување прекршочна постапка за правни лица, санкционирани се возачи на 6 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и 3 возачи кои вршат јавен превоз на патници. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »