Синоќа во Големата сала на Центарот за култура во Битола со одличен концерт на Камерниот оркестар на Битола и гостите беше отворена годинашната концеттна сезона на оваа културна институцуја.Концертот беше посветен на две македонски музички ѕвезди поврзани со Битола, Тоше Проески, за кого ова беше 5. јубилеен концерт и на Пепи Бафтировски.
Присутните ги поздрави директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска – Илиевски која уште еднаш нагласи дека програмата на Центарот за култура не е примамлива само за битолската публика, туку имаме гости и од цела држава и дека посебно и е мило што на нивнате свена настапуваат повеќе македонски ѕвези, секако и од Битола.
Како гости на Камерниот оркестар беа Бојан Маровиќ од Србија, од домашните музичари Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска.
На концертот беа изведени најубавите македонски песни напишани и изведеби од битолчанецот Пепи Бавтировски, еден од бардовите на новосоздадената македонска песна, “Ако згрешам нека изгорам“ посветена на наш сограѓанин и прифатената песна од сите “Заветна“ и дел од неговите антологиски песни. Пепи почина во Америка, каде што престојуваше последните неколку години во 66 година од животот.
Испеани беа и незаборавните песни на поп иконата – Тоше Проески, “Цреша“, “Тајно моја“…
Битолчани видоа и слушнаа уште еден одличен концерт на Камерниот оркесар под диригентство на Владимир Димовски, а сценографијата е на сценографот Валентин Светозарев.
Денес во 20 часот по барање на публиката ќе се одржи уште еден концерт.

Одличен старт на концертната сезона во Битола со концерт на “Камерниот“ за Тоше и Бафтировски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: поради дефект прекинато водоснабдувањето во Брусничка и Лавчанска населба
- Младата пијанистка Јована Арсоска од Битола со блескав успех во Албанија
- Во Битола променливо облачно и посвежо со слаб дожд
- Фото на денот: “Васко Карангелевски“, Нова Битола, 9 часот, 12 степени
- Осветен крстот кај манастирот “Св. Спас“ над Маловиште (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Младата пијанистка Јована Арсоска од Битола со блескав успех во Албанија
- Денес нова премиера во НТБ Битола “Чорбаџи Теодос“ во режија на Дамјан Димовски (фото)
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за шпанската монодрама „Лирско вилинско коњче“ со актерката Зелија Ланаспа (фотогалерија)
- Научен собир на МНД Битола посветен на 1140 години од смртта на Св. Методиј
- Промовирана монографија “1/4 век Интернационален фестивал на монодрама Битола“ (фотогалерија)