Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на Базедова болест за што вели:-Базедова болест е автоимуни заболување на тироидната жлезда каде има создавање на автоантитела кои влијаат врз хронична зголемена продукција на тироидни хормони. Често поради автоимуната етиопатогенеза покрај Базедова има и Адисонова болест и инсулинзависен дијабетес кај еден ист пациент. Клинички пациентите со Базедовата болест имаат зголемена нервоза се до интолерантнoст и деликти, слабеење губење на телесна тежина, зголемена цревна перисталтика со проливи, потење, кршливи нокти и опаѓање на коса, претибијален микседем, синус тахикардија која е постојана и со гушавоста и егзофталмусот -испакнатост на очните јаболка се тријас кој насочува кон дијагноза која се потврдува со лабораториско испитување и високи FT4 и низок ТSH во крвта.
Ехографски има зголемена дифузна струма со хипоехогеност на паренхим и постојана хиперваскуларизација на колор доплер за разлика од Хашимото тироидитис кој нема хиперваскуларизираност за време на ремисии.
Лекувањето е со тиреостатици, радиоактивен јод и ретко хируршки кај лица до 45 годишна возраст, бремени жени, ретростернална Струма, случаи резистентни на терапија итнперспленизам и спленомегалија,