Press "Enter" to skip to content

Промоција на новата опрема со победа на сениорките на Пелистер Волеј (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Виктори Волеј 3:0

(25:05; 25:09; 25:10)

Сениорки на Пелистер Волеј во Битола, во спортската сала на Медицинското училиште,  во новите дресови во кои премиерно настапија пред својата публика, блескаа во победата од 13 то коло.-Одамна не сме виделе ваква доминација во која речиси и да игравме безгрешно во натпревар во кој тотално го надигравме својот ривал во секој сегмент од играта, со неверојатни 26 ас поени, 31 поен од напад, 6 поени од блок и само 15 грешки. Препуштајќи само 24 поени, нашиот Пелистер покажува се поголема доминација и моќ на терен, изгледа се поубедливо, а екипата го добива својот сјај и компактност, форма каква само можи да се посака во оваа фаза од првенството, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј.Капитенот, Стефани Најдановска,  ја предводеше екипата со освоени 17 поени, додека Каралиоска забележа 10, а шанса доби целиот наш ростер.Поените денес ги освоија: Стефани Најдановска 17, Меланија Каралиоска 10, Софија Проковиќ 7, Лиле Лозановска 7, Анастасија Ристевска 7, Ивана Белокозовска 5, Христина Трајчевска 3, Емилија Бицевска 3, Билјана Јаковлевска 3 и Ирина Трајковска 1.

Фото: Дамијана Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »