Press "Enter" to skip to content

Во Битола 50 битолчани заедно го прославија својот 50-ти роденден (фотогалерија)

Несекојдневна прослава се случи викендов во Битола. Во бар “Манаки“ педесет славеници го прославија својот 50 ти роденден. Поголемиот број славеници се од Битола, но ги имаше и од други градови. Како што ни кажаа, подготовките за организацијата на оваа заедничка прослава траеле околу една година.-Се започна кога јас, Адела и Весна се одлучивме заедно да прославиме роденден со луѓе со кои се дружиме, односно сме иста генерација. Потоа “си рековме“ листата да ја прошириме. Прв потег беше да направиме група на “Фејсбук“, а потоа таму се пријавуваа лица кои сакаат тоа да го направиме заедно, а секако дека некои и сами ги контактравме, вели за идејата за настанот, Љупчо Петров, кој додава дека скоро сите кои се пријавиле, меѓусебно се познавале.-Сите кои заедно славевме роденден 50 години, се познаваме, а најголем број бевме од “некое време“ кога се дружевме “на Шеталиште“, а морам да споменам дека таа дружба продолжи, и сега кога сме возрасни љуѓе.По “составувањето“ на списокот на гости, на кој се нашле битолчани од разни професии и занимања, целата организација ја презел Никола Трампевски, кој заедно со Филип Сековски, сопственикот на “Манаки“ сето го направиле одлично, за што сите славеници и нивни гости им благодарат.-Пријателствата кои со години се негувале покажаа и докажаа на дело дека генерациската  љубов е посилна и од децениите. Годините не можат да пркосат на ова пријателство кое очигледно гледаме дека траело, трае и ќе трае додека трае, а со тоа и нивната искрена љубов, вели Љупчо Петров, еден од иницијаторите на заедничката прослава во Битола.Повторно се докажа дека пријателствата кои се склучени пред повеќе децении, се негуваат и траат до ден денес.  Бројот на славеници кои се собраа и од други градови ја направи оваа роденденска журка  биде еден вид рекорд. Се разбира и рекорд по забава, дружење и позитивна енергија.  

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »