-На почетокот на март во 2013 година, дербито во Битола, под Тумбекафе, поради безбедносни причини, по барање на Министерството за внатрешни работи на Македонија, кое беше доставено до натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија, беше одложено вечното дерби на македонскиот фудбал помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој додава дека причина била безбедносната состојба:
-Со цел да не се создадат услови за предизвикување насилство и недостојно однесување на натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар и насилството да се прелее низ градот Битола, Министерството за внатрешни работи се обрати до ФФМ со барање натпреварот помеѓу наведените фудбалски клубови, кој требаше да се одигра на 03.03.2013 година, да се одложи, стоеше во барањето на МВР.
Поради одлагањето се огласи и Фудбалската федерација на Македонија со жалење што натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар, што требаше да се одигра во неделата во Битола, на барање на Министерството за внатрешни работи, по одлука на Комисијата за натпреварување на ФФМ, се одложува за среда и дека ги почитува одлуките, препораките и барањата на МВР од причина што тие се единствено надлежни за вршење проценка на безбедноста.
Засилено полициско обезбедување било потребно поради тоа што во Битола биле најавени околу 500 навивачи на Вардар, а поради нередите во Скопје специјалните сили се ангажирани таму, а натпреварот е прогласен за натпревар со висок ризик.
Дербито се одигра во среда на 6 март, заврши без голови 0:0, а за Пелистер пред 5.ооо публика настапија: Коруновски, Китановски, Лазаревски, Лескароски, Драгарски, С. Магловски (од 64. мин. Т. Велјановски), Елмазовски, Мегленски, Христов (од 78. мин. Кекец), Ристевски (од 90. мин. А. Велјановски), Марковски.

Деновиве пред 10 години: поради безбедносни причини одложено за три дена дербито Пелистер-Вардар (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: одземено возило “опел корса“ на Булеварот, со “пежо“ излетале од патот поврден сопатник, пронајдена стара граната
- Отворена “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во Битола и одбележани 122 години од неговата смрт (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: средношколиците на протестен марш во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Народен театар Битола започна со подготовки за 5. премиера оваа година, “Едмонд“ во режија на Оливер Мицковски
- “Креативен Ден 2025“ претставување на учесниците од средни стручни училишта од областа на модата и текстилот
- ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)- меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија
- Денес 53. седница на Советот на Општина Битола, на дневер ред 49 точки
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени