Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: од запалена обрасната нива поради ветрот се запалила шталата на комшијата

Во СВР Битола, Д. Р.(42) од село Кажани, битолско, пријавил дека на 26.02.2023 околу 15.00 часот, друго лице во негова нива лоцирана во атар на село Кажани запалил оган на обраснатиот дел од нивата, но поради силниот ветер огнот брзо се раширил и ја зафатил шталата на Д. Р..

Од настанатиот пожар делумно изгорена и оштетена е шталата со кровната конструкција, а во внатрешноста изгорено е едно домашно животно и бали со сено.

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »