Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавни повици за инфраструктура и опрема за физичка пристапност и за еднакви можности

Согласно Програмата за социјална заштита за 2023 година донесена од Советот на Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола” бр. 16/22 од 30.12.2022“) и Правилникот за искористување на средства од Програмата за социјална заштита во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот на лицата донесен на 20.02.2023 со бр. 09-15/4, Општина Битола објавува: ЈАВЕН ПОВИК за искористување на средства за адаптација, изградба или поставување на инфраструктура и опрема за физичка пристапност, во понатамошниот текст инфраструктура и опрема за физичка пристапност. Повикот опфаќа адаптација на веќе постоечки или изградба на нови пристапни рампи, или набавка и монтажа на фиксни или преносни пристапни рампи (опрема), платформи и лифтови, направи за искачување на скали со инвалидски колички, во домот на лицата со попреченост, со цел надминување на висински растојанија или други физички препреки или бариери до и во домот, адаптација на делови од домот во физичкиот простор (прилагодување на тоалет, промена на врати со соодветна ширина за инвалидска количка, правење на пристапни патеки и тн.), како и набавка на опрема која e наменета за користење од страна на лица со попреченост која ќе ја олесни мобилноста и функционалноста на лицата со попреченост до и во нивниот дом. Искористувањето на средствата е согласно Правилник за искористување на средства од програма за социјална заштита на Општина Битола во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот на лицата кој што заинтересираните лица можат да го најдат на веб страната на Општина Битола https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-sredstva-za-adaptacija/. Потребната документација и условите за пријавување може да се види во самиот правилник или да се подигне од Општина Битола Бул. „1-ви Мај“ бр.61 на шалтер број 1.

Врз основа на член 14 став 4 од Законот за еднакви можности на жените и мажите на РМ („Службен весник на РМ ” бр.6/12, 27/13, 46/15, 125/15 и 114/17) и Програмата за еднакви можности на Општина Битола за 2023 („Службен гласник на Општина Битола” бр. 16/22 од 30.12.2022 Општина Битола објавува:  ЈАВЕН ПОВИК за поддршка на проекти и програмски активности на граѓански организации и фондации со вклучена компонента од областа на еднаквите можности Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани, фондации, кои ќе значат и подобрување во областа на еднаквите можности на жените и мажите. Проектите и програмските активности ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2023 година согласно Програмата за еднакви можности на Општина Битола за 2023 година како и критериумите дадени во овој Јавен повик. Повеќе информации за повикот на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-ednakvi-moznosti/

More from ВестиMore posts in Вести »