Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен прилепчанец се шетал со граната по Широк Сокак, кривична за директорот на “Водовод“, приведување кај Хераклеја за марихуана, украден бакар од трансформатор

На 27.02.2023 во 09.45 часот на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 53 годишно лице од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна. Гранатата била предадена во Дирекцијата за заштиата и спасување за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 39 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, вработен како директор на ЈКП „Водовод“ – Битола, на 14.08.2022, на 26.08.2022 и на 02.09.2022 реализирал три службени патувања во странство со службено возило на ЈКП „Водовод“, патувајќи со лица кои не се вработени во претпријатието и тоа со претходно донесени непрецизирани и некомплетни одлуки од Управниот одбор за одобрување на службени патувања во странство. Исто така, тој како одговорно лице во текот на 2022 година примил фактура во износ од 20.088 денари од овластен сервис за поправка на службеното возило, која била наплатена од сметката на ЈКП „Водовод“, иако возилото било каско осигурано.

На 27.02.2023 на ул. „Буковски пат“ кај археолошки локалитет “Хераклеа“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 34 годишно лице  и двајца малолетници, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 27.02.2023 во Полициското одделение Новаци било пријавено дека во периодот од 25.02.2023 до 27.02.2023 со употреба на сила и погоден алат од трансформатор, сопственост на Општина Могила, биле одземени бакарните делови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »