Press "Enter" to skip to content

Во Битола претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, четврток, 2 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 11 степени.

Утре, петок, 3 март, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 11 степени.