Press "Enter" to skip to content

Недим Мустафица замина од Пелистер, се врати Никола Силаџи

Екипата на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола паузата во домашното првенство поради репрезентативните натпревари, за искористи за подготовки на продолжението од сезоната и за кадровски промени во тимот. 

Во Битола се врати искусно име во своите редови на центарските позиции, Никола Силаџи, српскиот центар кој може да игра и како крилен центар. 30-годишникот доаѓа по втор пат во Пелистер, каде што настапуваше и пред две години, од каде се пресели во Гостивар.  Минатата сезона Силаџи настапуваше и за Еуро Никел 2005, додека сега во редовите на “пелистерци“ доаѓа од Борац Земун.  Силаџи настапуваше за “пелистерци“ во сезоната 2020/21, а сега пак ќе биде дел од тимот кој го води Марјан Илиевски. 

Екипата на Пелистер пред завршување на преодниот рок за кошаркарите ја напушти босанскиот кошаркар, Недим Мустафица, кој својата кариера ја продолжува во Чаир во Скопје. Мустафица беше дел од Пелистер во првата полусезона од мак-баскетот.

More from ВестиMore posts in Вести »