Press "Enter" to skip to content

Актерот Иван Босиљчиќ воодушеви со музичко – поетската “Наша вечер“ во Битола (фотогалерија + видео)

-Достоевски рекол „Убавината ќе го спаси светот“. Ако во овој тежок период сте си помислиле како да се спасиме, ова е еден од начините. Ви благодарам што дојдовте вечерва на оваа “Наша вечер“ рече Иван Босиљчиќ синоќа во Битола.Интересот за музичко поетска „Наша Вечер“ на српскиот актер Иван Босиљчиќ преголем.  Миленикот на женската публика ја исполни големата  салата на Центарот за култура во Битола.На музичко поетската вечер маестрално ги спои стиховите со музички перформанс. Харизматичниот актер на само нему својствен начин достоинствено ги пренесе стиховите на Бодлер, Есењин, Анте Поповски, Алекса Шантиќ, Милан Ракиќ…Низ стиховите се проткајуваа и прекрасни звуци на гитарска придружба на фадо звук, а на радост на битолската публика и стихови од Анте Поповиќ изрецитира на симпатичен македонски јазик, за кои рече дека ги читал и рецитирал уште пред многу години.За песната “Чекај ме“ од рускиот поет Константин Симонов,  раскажа интересна љубовна приказна:-Одејќи во војна и не верувајќи дека ќе се врати дома, Симонов напишал песна за својата жена, и бил сигурен дека тоа парче хартија ќе и го однесат за да ја прочита прошталната песна. Писмото и го однеле, и никој не верувал дека Константин ќе преживее. Но, тој се вратил дома жив, затоа што таа знаела да чека.

Пееше евргрини, руски романси на српски, македонски, руски јазик. „Душо моја„„Волело се двоје млади“, „Не куни ме, не ружи ме мајко“, „Шутка и Топана“, Тајно моја“ „Очи черније… На сцената го следеа професорот по класична гитара и композитор Горан Ковачиќ, Марко Калабиќ тапани, како и маестро Зоран Стојановиќ, кој веќе три децении живее во Португалија и има соработувано со ѕвездата на фадо-музиката Дулче Понтес.

Босиљчиќ заедно со публиката ја испеа “Ако одам во Битола“, за која после концертот рече дека ја пееле задно со Тоше Проевски. Пред концертот во Битола, неговата сопруга Томашевиќ му рекла дека мора  да испее и песна за градот, не се двоумел, изборот бил за оваа песна за „Ако одам во Битола“. На крај со долги аплаузи се врати на бис, а публиката го испрати со воодушевување.После концертот актерот за неговите импресии ни изјави:-Македонската публика и публиката во Битола ми е позната уште пред седумнаесет години кога на сцената во Битола ја играв претставата “Цигани лете у небо“. Претстава во која ја играв главната улога. Уште од тогаш ми остана желба повторно да се претставам пред битолската публика. Вредеше да се чека толку. Еве вечерва на обострано задоволство дочекавме сите заедно една вистинска “Наша вечер“. Се гледа дека во Битола културниот живот е на високо ниво со  фестивали, претстави, концерти…  Се гледа дека имате одличен Центар за култура. Битола има културно едуцирана публика која има потреба за убавина, за тоа и кажав на почетокот на мојот настап. Без разлика каков свет има надвор ние знаеме дека добрина и убавина секогаш има и дека убавината ќе го спаси светот.И директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска – Илиевски не го криеше задоволството по завршување на концерт и кратко кажа:-Иван Босиљчиќ е во Битола, кафето на Широк сокак заедно го испивме, а вечерва… битолската публика сама го доживеа, почувствува, а импресиите кај сите кои дојдоа и уживаа оваа вечер, ќе ги паметат. Она што со радост го најавив се случи, битолчани имаа незаборавна вечер, “Наша Вечер“.

Ж. Ристевска

Фото: Д.Ристевска – С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »