Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведувања на “Илинденска“ и “Пецо Божиновски“ за поседување марихуана, каснување од куче скитник

На 03.03.2023 во 14.20 часот на ул. „Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 25 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.03.2023 на ул. „Пецо Божиновски“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 20 годишник од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.03.2023 во СВР Битола, малолетник од село Лопатица, битолско, пријавил дека кај автобуската станица на место викано „Ат пазар“ бил каснат од куче скитник .

 

More from ВестиMore posts in Вести »