Во младинска категорија, до 14 години победник е Лаура Ангеловска од екипата на Пелистер Пин од Битола.Денес во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер од Битола се одигра 8-мартовскиот кугларски клуб на кој учествуваа 16 кугларки. Турнирот беше во организација на женскиот кугларски клуб Пелистер Пин од Битола, кој се покажа како одличен домаќин.
Победник на годинашниот турнир Данче Наумовска од кугларскиот клуб ГТЦ од Скопје со 542 соборени дрвца. Второто место и припадна на Андреа Вељановска од Пелистер Пин од Битола со 528 соборени дрвца, а на трето место се пласира Стефанија Алексовска со соборени 518 дрвца, исто така од Пелистер Пин.
За прв пат се одигра и младински турнир за девојки до 14 години на кој победничка беше Лаура Ангелевска од Битола. Ева Димитровска беше второпласирана, а на трето место е Лана Апостоловска, и двете од Пелистер Пин.
Во име на организаторот се обрати Игор Михајловски, тренер на Пелистер Пин, кој рече дека се радува што во Битола се одржа женски турнир во куглање, а посебно му е мило што имавме и натпревар во младинска категорија до 14 години.
Наградите на најдобрите им ги додели претставникот на Општина Битола – Г0рдана Цветсковск-Бошевска, а на сите учеснички со цвеќе им го честита Денот на жената, селекторот на женската репрезентација на Македонија – Перо Гиевски.

Данче Наумовска од ГТЦ победник на 8-мартовскиот турнир во куглање за жени во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фарук Мемиќ еден од тренерите на младинците на Еурофарм Пелистер од Битола: очекуваме да бидеме изненадување во Келн, одиме мирно и сталожено до нов успех
- Претставени мерките за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025
- Кога инфлацијата ти чука на врата, а Excel табелите ти изгледаат како хиероглифи
- СВР Битола: тројца малолетници повредени на судар на два моторцикли, лекарка пријави физички напад, физички напад, приведување…
- “Овде секое дете има шанса да заблеска“ – прослава на знаењето и трудот на учениците од ОУ “Стив Наумов“ Битола (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Фарук Мемиќ еден од тренерите на младинците на Еурофарм Пелистер од Битола: очекуваме да бидеме изненадување во Келн, одиме мирно и сталожено до нов успех
- Младинците на Еурофарм Пелистер отпатува за Келн на Ф4, на последниот тренинг во Битола посебен гостин, капитенот на Еурофарм Пелистер – Филип Кузмановски
- Зоран Стерјев на завршната церемонија: приоритет ќе биде Лигата на Шампиони и да оправдаме дека Битола е најракометен град (фотогалерија)
- Младиот битолчанец Стефан Лазаревски со четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер 2
- Трофејот за најдобар боксер на турнирот “Мирослав Петровиќ“ за Ружди Рустемовски од Пелистерски јунак од Битола