Press "Enter" to skip to content

Денес стартува четвртиот “балон“, Пелистер против Крка, Силаџи оптимист за пласман во плеј-оф

Денес кошаркарите на Пелистер од Битола ќе го играат првиот од трите натпревари од четвртиот “балон“ на АБА2 лигата, а во Широки Бријег, Босна и Херцеговина. Кошаркартите од Битола предводени од тренеро Марјан Илиевски вечерва за прв противник ќе ја имаат екипата на Крка од Словенија. 

Пелистер во оваа АБА2 лига годинава има за цел пласман во плеј-офот, а во турнирскит систем и три натпревари набрзина “пелистерци“ ќе се обидат да дојдат до целта, да одбранат местото на тебелата кое води во завршницата во Словенија. Пелистер покрај Крка ќе игра и против Слога и Подгорица.

Новиот кошаркар на Пелистер, Никола Силаџи пред заминувањето на “балонот“ рече:

-Веќе имам играно во Битола, го знам градот и дел од кошаркарите, а можам да кажам дека сум одлично примен во клубот, од играчите и стручниот штаб и тренерот. Голем е мотивот да се игра во домашното првенство и АБА2 лигата и ќе дадам се од себе до крајот на сезоната. Тимот има квалитет и може да одиграме доста добра кошарка, а играме брзо и агресивно. На “балонот“ ќе дадеме сите се од себе и мислам дека имаме шанса да се пласираме во плеј-офот. 

More from ВестиMore posts in Вести »